Преку интернет си порачал пливачки костим – му стигнале златни шипки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французинот Жилиет Шано нарачал костим за капење преку онлајн порачка со кој сакал да ја почести својата соперуга. Но, кога стигнала пратката и ја отворил – таму го чекале златни монети и златни шипки вредни околу 20.000 евра, пренесува весникот „Ле поинт“.

Пакетот во саботата му е доставен на 27-годишниот Шано, кој живее во гратчето Ван во Бретања.

Не го изненадила пратката, бидејќи го очекувал костимот за капење кој го нарачал за својата сопруга. Меѓутоа го изненадила тежината на пакетот.

Кога го отворил пакетот, во пратката пронашол злато: француски златни пари, монети кои датираат од почетокот на 20-тиот век, како и златни прачки – вкупно 700 грама благороден метал.

Шан претпоставил дека станува збор за логистичка грешка, па го однел пакетот во градскиот комесаријат на полицијата, со чија помош успеал да го пронајде вистинскиот примател на пратката.