Преку апликација, Италија воведе бесплатен безжичен интернет во цела држава


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Владата на Италија претстави апликација која им овозможува на жителите и туристите да се закачат на бесплатна безжична интернет мрежа низ државата преку креирање на свој профил.

Корисниците ќе можат да се вклучат брзо на мрежата која ќе има свои точки за прикачување или hotspots на железнички станици, хотели, јавни институции итн.

Целта на проектот кој го започна Министерството за економски развој и култура е да се поедностави животот за локалното население и туристите.

Апликација може да се користи на италијански и англиски јазик, а за почеток е лансирана во Рим, Бари, Милано, Тренто, како и во регионите Тоскана и Емилија Ромања.

Министерот за култура Дарио Франческини изјавил дека апликацијата WiFi Italia е неопходна алатка за туризам, додавајќи дека туристите можат да ја користат за резервирање карти за музеј, да истражат места за посетување итн.

Дополнително, министерството ќе ги искористи податоците собрани од апликацијата за да ги подобри туристичките понуди на Италија преку анализа на анонимни податоци и студии за однесувањето на корисниците.

Апликацијата моментално е достапна на Google Play и App Store сервисите каде веќе е спуштена десетици илјади пати. Истата има различни рецензии, а најголемата критика се однесува на тоа што сервисот уште не е достапен на целата територија на државата.

Од министерствата велат дека ќе ја надоградуваат апликацијата во наредните месеци. Иницијативата е дел од протоколот за дигитализација на туристичкиот сектор во државата претставен во јули 2016 година со цел да ги подобрат дигиталните сервиси на посетителите.