Преговорите започнаа: Покетино наскоро на „Олд Трафорд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино е без тренерски ангажман од пред неколку месеци кога доби отказ во Тотенхем.

Лондонскиот клуб катастрофално ја започна новата сезона, а „сметката“ за тоа ја плати Покетино, на кого му беше врачен отказ.

Меѓутоа, Аргентинецот нема долго време да биде без работа бидејќи за неговиот потпис интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Последните информации од Островот говорат дека Манчестер Јунајтед стапил во контакт со Покетино и сака да го ангажира како наследник на Оле Гунер Солскјер.

Двете страни се блиску до договор и од лето Покетино ќе седне на кормилото на „Олд Трафорд“. Аргентинскиот стратег барал целосна слобода на трансфер пазарот, а „црвените ѓаволи“ се спремни да му ја исполнат таа желба.

Без разлика на исходот на сезоната Солскјер ќе биде сменет на лето, бидејќи раководството не е задоволно од неговата работа и смета дека Покетино може да биде долгорочно решение за клупата.