За дневното консумирање вода, мобилните и имунитетот – совети од личниот лекар на Путин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Академик Богдан Владимирович Городиски е член на медицинскиот тим кој лично се грижи за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин. Городиски неодамна одржа предавање во Суботица, зборувајќи за имунитетот и предизвикувачите на болести кои ја мачат популацијата во денешно време.

„Последиците од падот на имунитетот носат околу 3.000 болести, а хроничниот стрес и влијанието на електромагнетните полиња од современото опкружување се најчестите причини“, рече доктор Городиски.

Додал дека за силен и здрав организам неопходно е да се пијат по 30 милилитри вода за секој килограм од тежината. Последниот оброк треба да е околу 19 часот, а микробрановата печка треба веднаш да се исфрли од домот.

Според докторот, физичкото и менталното здравје се нераскинливо поврзани.

Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи постоечките методи не можат да го решат проблемот со дегенерација на ќелиите и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го претворат во прецес на регенерација и обнова на организмот, порача докторот.

Городски предупреди дека вториот голем проблем го создаваат тивките и бавни, скоро незабележливи инфекции, кои многумина не знаат дека ги имаат. Токму тие се предизвикувачи на тешки заболувања, како на пример, хроничниот херпес, кој потоа носи мултипла склероза

„Oгромен проблем е влијанието на електромагнетните полиња околу нас. Пример, трафостаниците би требало да бидат барем 1.500 метри надвор од населените места, а најчесто се наоѓаат само на 50 метри. Нивното влијание врз човекот е многу сериозно. Мобилниот телефон, исто така, има штетно зрачење кое продира во мозокот со длабочина од 6 до 8 см, со што го исклучува имуниот и ендокриновиот систем на организмот“, предупредува тој.

Обичниот комјутер зрачи осум различни типови на озрачување кои го уништуваат нервниот систем и влијаат на штитната жлезда, создавајќи провлеми во организмот. Тука се и станиците за мобилната телефонија, радиоапаратите и телевизорите.

„Луѓето не размислуваат на тоа дека често и местото на кое живеат го нарушува нивното здравје. Има многу геопатогени зони. Стресот е, исто така, исклучително опасен зошто го уништува ендокриниот и имуносистемот. Ова посебно важи за животот во константен стрес“, посочи доктор Городиски.

Овој имунолог со светско реноме порача дека тајната на доброто здравје е во едноставните навики, како правилно дишење, пиење на доволно вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.

Богдан Владимирович Городиски е претседател на научниот институт при администрацијата на рускиот претседате, неколкупати е одликуван со највисоките признанија во Русија, член е на Руската и Европската академина на природни науки.