Home Актуелно Македонија Предупредување од Славчо Попоски: Македонија може да биде погодена од силно невреме

Предупредување од Славчо Попоски: Македонија може да биде погодена од силно невреме

Најмалку тринаесет лица загинаа вчера во силно невреме во Европа. Две деца, на возраст од четири и осум, загинаа во јужна Австрија кога дрва паднаа во близина на езеро во Корушка.

Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа при во Долна Австрија.

Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите.

Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти. Дрво падна врз 13-годишно девојче во кампот во Сагон на западниот брег на островот На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покрив на куќа паднал врз нејзиниот автомобил.

Во следните денови времето ќе биде многу нестабилно и на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на големо невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Можни се локални поплавувања и не се исклучува можноста во Македонија да се повтори невремето како што беше неодамна од Кавадарци и Неготино, и каде што имаше многу штети.

Затоа граѓаните треба да бидат крајно внимателни, вели метеопрогнозерот Попоски и додава дека температурите дека ќе се намалат дури за околу 10 степени во споредба на оние кои ги имаме сега.

Load More Related Articles
Load More In Македонија
Comments are closed.

Check Also

Афера „Синџир“: 26 сопственици и управители на 28 правни субјекти со низа кривични дела ја оштетиле државата за 8 милиони евра

Македонското Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе ис…