Home Актуелно Тешка сообраќајна несреќа: Повредени четири малолетници, возачот имал само 15 години

Тешка сообраќајна несреќа: Повредени четири малолетници, возачот имал само 15 години

Рано утрово малолетник со „форд мондео“ удри во метална канделабра и бетонска жардињера на „Водњанска“.

– На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Мајка Тереза”, со ул. „Тодор Александров” и ул. „Белградска” патничко моторно возило „форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, велат од МВР за Курир.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Според информациите возачот имал само 15 години.

Фото: МКД.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…