Home Актуелно Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција испраден до Собранието

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција испраден до Собранието

После нецели 24 часа од неговото потпишување, процесот за ратификација на договорот за решение на спорот за името помеѓу Македонија и Грција веќе ја имаше својата иницијација во нашите институции. Владата Изготви и испрати до Собранието предлог-закон според кој треба да се направи ратификација на договорот.

Тој ќе биде со европско знаменце, значи приоритетен, но со тоа и ќе се ограничи време за дискусија, односно седницата не може да трае повеќе од 3 дена. Од собранието брифираат дека по добивањето на материјалите, Талат Џафери ќе има рок исто така од 3 дена за да ја закаже седницата. Очекувањето на владата дека се ќе биде завршено уште оваа недела.

Според ова процедурата за ратификација на договорот многу ќе наликава на таа при носењето на законот за јазиците.

Претседателот Иванов на неколку наврати кажа дека тој нема да го потпише овој закон за ратификација, бидејќи е лош и разорен за земјава, со порака дека тие што си го договориле, тие и да си го донесат. Според познавачите овде со отвора дилемата дали повторно, со така нареченото “џебно вето” ќе биде блокиран договорот.

Во меѓувреме роковите почнуваат да течат. Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор со Грција, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…