Home Актуелно Предлог мерка: 2.500 евра казна за родители на невакцинирани деца во Германија

Предлог мерка: 2.500 евра казна за родители на невакцинирани деца во Германија

На предлог од министерот за здравство, Јенс Шпан, германската влада ќе ја разгледува опцијата за воведување казни за родителите на децата на школска возраст кои не се вакцинирани против сипаници, пренесува Асошиејтед прес.

Шпан за весникот Билд ам зонтаг кажа дека родителите кои не можат да докажат дека децата им се вакцинирани против високо заразната и потенцијално смртоносна болест би требало да платат казна до 2.500 евра.

Тој смета и дека на децата кои не се вакцинирани против сипаници би требало да им биде забрането да одат во градинките, за да се заштитат оние кои се премногу мали или не се во можност да ја примат вакцината.

Во Германија од почетокот на годината се забележани 203 случаи на сипаници, што е двојно повеќе од истиот период минатата година, но помалку од 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…