Home Актуелно Предиозборна анкета на НДИ: ВМРО-ДПМНЕ во предност пред СДСМ

Предиозборна анкета на НДИ: ВМРО-ДПМНЕ во предност пред СДСМ

Анкетата која кај нас ја спроведе американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ во предизборието.

На прашањето „Доколку партии, а не коалиции се претстават на избори, за која партија би гласале?“, 14 проценти одговориле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците покажуваат разлика од четири проценти кај најголемите македонски партии, само 10 отсто од анкетираните ќе гласаат за СДСМ на избори.

Пет проценти или помалку имаат ДУИ, Левица, АА.

Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…