Правда за Морис: Францускиот петел ги победи на суд пензионерите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рошефорскиот Кривичен суд ја отфрли жалбата на комшиите на сопственикот на фамозниот петелот Морис кој стана своевиден култен симбол во Франција изминатиов период. Оваа пресуда претставува голема и симболична победа за застапниците на руралните звуци.

Ѕвездата во Франција се вика Морис и тој е петел – симболот на Франција, на кого сакаа да му забранат слободно да пее.

Правдата пресуди во корист на сопственикот на Морис. Овој четврток, Кривичниот суд на Рошефор ја отфрли жалбата за „ненормално соседско нарушување“, поднесена од неколку пензионери.

Петелот на Корин Фесие ќе продолжи да пее, без разлика дали тоа им се допаѓа или не на неговите соседи.

Морис беше посреќен од неговиот колега Коко од Оаз. Чиј сопственик се раздели од него по судска пресуда, Коко сега е на пансион кај еден негов пријател, но сопственикот не се откажува од желбата да го види повторно во својот двор. Тој ја обжали одлуката на судот и покрена петиција, „спасете го Коко, петел маргозин“, која доби повеќе од 90 000 потписи. Петицијата во корист на Морис доби речиси 140.000 потписи.