Home Актуелно Пратеници со солзавец и чизми го гаѓаа Рама: Обид за насилен упад во албанскиот парламент

Пратеници со солзавец и чизми го гаѓаа Рама: Обид за насилен упад во албанскиот парламент

Приврзаници на албанската опозиција се обидоа насилно да влезат во албанскиот парламентот. Полицискиот кордон успешно го спречи насилниот упад демонстранти, но состојбата е и понатаму тензична.

Инциденти во и надвор од алабнскиот парламент каде денеска се разгледува изборот на нов јавен обвинител. Собраниската седница почна со барање за оставка на Владата, а продолжи со физички пресметки меѓу пратениците и напади врз премиерот, Еди Рама.

Пратеникот Фљамур Нока фрли солзавец кон Рама, а лидерката на ЛСИ и сопруга на актуелниот претседател на државата Илир Мета, Моника Круемади имаше неуспешен обид да го погоди Рама со чизми.

Но, и покрај хаосот кој владее во салата, владејачкото мнозинство се обидува да ја продолжи седницата и да го избере новиот државен јавен обвинител.

Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…