Home Актуелно Пратеник на СДСМ пријавен во полиција – физички нападнал сограѓанин пред неговиот син

Пратеник на СДСМ пријавен во полиција – физички нападнал сограѓанин пред неговиот син

Благојче Трпески, претставник во Собранието од страна на владејачката СДСМ, вчера во Гостивар физички се пресметувал со негов сограѓанин околу паркинг место во близина на трговскиот центар.

Според информациите кои ги пренесуваат порталите целиот инцидент се случувал во присуство на детето на гостиварецот кој бил нападнат. Според пријавата, на тепачката и претходела вербална расправија, за потоа пратеникот од мнозинството физички да го нападне и да ги искрши и стаклата на автомобилот.
Се обидовме да добиеме став и од пратеникот, но тој не беше во неговиот пратенички кабинет. Потврда за инцидентот добивме и од полицијата.

М.С.(33) од Гостивар пријавил дека на ул.Илинден во близина на ТЦ во Гостивар му било оштетено возилото од страна на Б.Т. (53). Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради погрешно паркирање на возилото. Извршен е увид, а полицијата допрва ќе утврдува дали некој бил физички нападнат, велат од МВР.

По инцидентот одговорност бараат и од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, од каде алармираат дека ова не е прв пат лица блиски до владејачката партија да ја покажуваат својата моќ.

Според информации кои се рашириле меѓу гостиварци, Трпески бил и во алкохолизирана состојба , но за тоа нема потврда од МВР.

На Фејсбук се огласи и лицето кое било физички нападнато од Трпески, со статус посветен на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…