Практична куќарка од 12 квадрати за само 23.000 евра (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонскиот бренд Муџи кој произведува функционални и практични ствари за домот неодамна почна да ги продава куќарките од 12 квадрати.

Пред многу години за роденден добив една мала коцка. Погледнав во неа и видов дека на неа е нацртана маица. Го тргнав целофанот и стварно, нормална памучна маица беше спакована во коцка со големина од 5х5 центиметри. И тогаш почна мојата љубов кон Муџи, јапонскиот бренд за паметни и практични работи кои штедат простор, време и транспорт – раскажува нивни клиент. Картонски звучници, транспарентни несесери, кабаници, сето тоа е дел од моите куфери кои обавезно ги земам кога одам на пат.

Муџи го нема на балканот, а најблиску ни е во Венеција и Болоња, но сеедно, јас ви претставувам еден нивни проект кој неодамна почна да се продава само во Јапонија.

Станува збор, за компактна, фантастична мини куќарка, наменета за одмор на различни локации, посебно во природа.

Направена е комплетно од јапонско дрво и доста едноставен план. Под кровот е сместена куќарка од вкупно 12 квадрати, 9 во интериер и 3 во минијатурна ложа пред влезните врати.

Во куќарката има простор за сместување мини семејство. Куќата има стаклена лизгачка врата и мал прозорец на спортивната страна за подобра вентилација.

Фасадата е обложена со полугорено дрво, со употреба на јапонската техника shou sugi ban, која го продолжува животот на дрвото, ја зголемува отпорноста на оган и инсекти.

Куќата е поставена на бетонски темели за заштита од влага во земјата, а нејзината цена е околу 23.000 евра.

Лошата вест е дека не може да се купи надвор од Јапонија.