Home Спорт Познато зошто играчите на Барса не беа на церемонијата, Иниеста им се извини на „кралевите!

Познато зошто играчите на Барса не беа на церемонијата, Иниеста им се извини на „кралевите!

Фудбалерите на Барселона и понатаму се наоѓаат во центарот на вниманието, поради бојкотот на гала свеченоста на ФИФА.

Фудбалерите на Барса си навлекоа непотребен негативен публицитет со ваквиот потег, па готово сите медиуми и целата спортска јавност го осуди ваквиот потег на Каталонците.

Официјалната верзија од Барселона е тоа дека играчите се подготвуваат за мечот од Купот на Кралот. Сепак според шпанските медиуми проблемот е во тоа што играчите се скарале со челниците на клбот и на овој начин сакале да покажат дека не ги извршуваат сите задачи од клубот.

Според пишувањата на „Марка“, Андрес Иниеста им се јавил на играчите на Реал Мадрид и им се извинил за отсуството.

Капитенот на Барселона разговарал со колегите од репрезентацијата и им соопштил дека одлуката да не се појават на церемонијата во Цирих нема никаква врска со нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…