Home Спорт Познато колку ќе заработи Мејведер од борбата со Јапонецот

Познато колку ќе заработи Мејведер од борбата со Јапонецот

Флојд Мејведер се враќа во рингот и негов противник ќе биде јапонскиот кик-боскер Теншин Насукава.

„The Money“ со месеци најавуваше ново враќање во рингот, но никој не очекуваше да се бори во РИЗИН организацијата според ММА правила и тоа против 21 годишниот кик-боксер кој е супер ѕвезда во Јапонија.

На крајот борбата беше договорена, а легендарниот боксер повторно на сметката ќе добие огромна сума – 88 милиони долари.

Од РИЗИН Флојд ќе добие 62 милиони долари, додека преостанатите 26 милиони долари ќе ги добие од ТВ правата.

Оваа сума секако е голема, но е многу помала од она што доби од борбата со Конор Мекгрегор кога инкасираше 275 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…