Познато кога започнува реагионалната лига и системот на натпреварувањето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на македонската фудбалска лига, Васко Дојчиновски, во изјава за „Вечерњи“ потврди дека УЕФА го одобрила почетокот на Регионалната лига од 2018 година.

Лигата би требало да брои 24 екипи од БиХ, Србија, Македонија, Хрватска, Словенија.

„Челниците на сите фудбалски сојузи од овие простори го поддржаа ова натпреварување. Најважно е дека проектот наиде на плодна почва и во УЕФА каде јас одржав 30-минутна презентација. Присутен беше и директорот за натпреварување во УЕФА Џорџо Маркети, човекот кој го осмисли идниот формат на Лигата на шампионите, а беше присутен и претседателот Чеферин. Нивните впечатоци се позитивни“, изјави Дојчиновски.

Според тој модел, лигата би започнала есента во 2018 година откако ќе се знае по завршените квалификации кои екипи ќе играат во европските купови, во фазата по групи. Сите клубови во регионот кои нема да минат во Лигата на шампионите или Лига Европа, автоматски би биле префрлени во фазата по групи во регионалното натпреварување односно во шест групи со по четири екипи.

Според Дојчиновски, лигата треба да ја финансира УЕФА, а дополнително ќе се преговара за бенифитите од оваа лига, односно како ќе биде награден победникот.

„Ние сме малку нескромни па бараме победникот да оди во Лигата на шампионите, а второпласираниот во Лига Европа, но знаеме дека овие предлози тешко ќе минат во УЕФА“, истакна Дојчиновски.