Home Актуелно Познатиот американски бренд поднесе барање за банкрот

Познатиот американски бренд поднесе барање за банкрот

Американскиот бренд и доминантен трговски ланец, „Сирс“, поднесе барање за банкрот.

„Сирс“ го промени начинот на пазарување и животен стил на Американците. Ова е бренд и трговски ланец стар 132 години, но во последните години постајно се бори за опстанок.

Она што беше пресудно за сопствениците да поднесат барање на банкрот е долгот во вредност од 134 милиони долари чие доспевање е денес, а тие се немоќни да го доведат на нула.

„Сирс“ најави затворање на 78 непрофитабилни трговски објекти на почетокот на летната сезона, а клуч од почетокот на оваа година им е ставен за 166 продавници.

Познато е и дека овој трговски бренд достигнал долг вреден 5 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…