Пожарот кај Будинарци е изгаснат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Беровскиот градоначалник Ѕвонко Пеќевски потврди дека пожарот кај селото Будинарци е изгаснат. Истиот, пред да биде локализиран, стигнал до првиот пункт за вода. Како што појасни, ваквиот исход била очекуван, поради тоа што имало голем број на екипи во сузбивање на огнената стихија.

– Акцијата успешно заврши околу 13 30 часот, сите кои гаснеа дадоа свој придонес. Тука беа австриските противпожарни единици кои беа најмногу евалуирани во целата акција, покрај останатите. Целта ни беше да го спасиме селото Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментално нема опасност од негово проширување, рече градоначалникот.

Екипите и понатаму се на терен и ќе ја надгледуваат ситуацијата во случај да не се повтори состојбата од пладне.