Home Актуелно Пожарникарите уште се борат со огнот: Засега шест жртви во пожарот во Лондон

Пожарникарите уште се борат со огнот: Засега шест жртви во пожарот во Лондон

Најмалку шест луѓе загинаа во пожарот кој зафати една висококатница во западен Лондон, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.

Пожарникарите се уште се борат со пожарот кој започнал во раните утрински часови.

Од Брзата помош во Лондон претходно соопшти дека повеќе од 50 луѓе се примени во болниците. Пожарникарите велат дека спасиле многу луѓе, а градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека многу од жителите се уште се водат за исчезнати.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…