Повлечена забраната за движење во шуми и шумски земјишта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, првиот човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април 2020 година.

„Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, на барање на ЈП „Национални шуми“, ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува во сила од утре, 24 април 2020“, информира МЗШВ.

Планинарите и останатите љубители на природата силно беа револтирани по одлуката за забрана за движење низ шума, која беше донесена пред една седмица.