Home Спорт Повеќе нема дилеми: Ракитиќ во Барса до 2021!

Повеќе нема дилеми: Ракитиќ во Барса до 2021!

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го продолжил договорот со Барселона до јуни 20121 година и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.

Повеќемесечните преговори помеѓу Барселона и Ракитиќ завршија успешно откако играчот од средниот ред ги прифати условите и го продолжил договорот до 2021 година.

Барселона не ги објави финансиските детали од договорот, во кој е вметната откупна клаузула од 125 милиони евра.

Ракитиќ сезонава најчесто е резерва кај Луис Енрике, поради што се шпекулираше дека тој ќе замине од клубот, но Барселона успеа да го задржи во своите редови.

Хравтскиот репрезентативец на „Ноу Камп“ пристигна од Севиља во 2014 година, има одиграно 145 натпревари и постигнато 23 голови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…