Home Спорт Повеќе нема дилеми: Диего Коста потпиша со новиот клуб!

Повеќе нема дилеми: Диего Коста потпиша со новиот клуб!

Според пишувањата на англиските медиуми, Диего Коста потпиша преддоговор со Тијанџин и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Кинескиот клуб кој го предводи Канаваро уште во текот на зимата сакаше да го донесе напаѓачот, но тогаш Челзи не сакаше да го пушти.

Повеќе нема дилеми, според договорот, Диего Коста ќе заработува енормни 30 милиони евра по сезона, а Челзи на име на обештетување ќе добие неверојатни 90 милиони евра.

Антонио Конте со тоа ќе има пари за да ги привлече Ромелу Лукаку од Евертон и Алваро Мората од Реал Мадрид кои треба да го формираат новото напаѓачко дуо за следната сезона.

Но, тоа е само почеток. Челзи ќе ја засили одбраната со Ван Дајк, планираат да го доведат и Бакајоко од Монако и веројатно уште еден бек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…