Home Спорт Потврдено: Позната иднината на Иниеста!

Потврдено: Позната иднината на Иниеста!

Во последно време многу се шпекулира со иднината на Андрес Иниеста бидејќи неговиот договор завршува на крајот на сезоната. Меѓутоа, плејмејкерот кој целата својата кариера ја помина во Барселона, најверојатно кариерата и ќе ја заврши на „Камп Ноу“.

Ова го потврди претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу кој најави продолжување на соработката со 33 годишниот играч за врска.

„Ги договоривме сите услови околу неговиот нов договор. Се надеваме дека се ќе биде финализирано во наредните неколку недели“, изјави Бартомеу.

„Сакаме Иниеста да се пензионира како играч на Барселона. Ќе му ја овозможиме таа можност доколку сака. Договорот автоматски ќе му се обновува за по една година и кариерата ќе ја заврши на Камп Ноу“, откри претседателот на Каталонците.

Иниеста дебитираше за првиот тим на Барселона во 2002 година, а до денес има одиграно 632 натпревари за Каталонците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…