Home Спорт Постигнат договор: Мората во понеделник на прегледи!

Постигнат договор: Мората во понеделник на прегледи!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансфер на Алваро Мората и дека играчот во понеделник ќе замине во Англија на лекарски прегледи.

Мората пред неколку дена постигна личен договор со „црвените ѓаволи“ и испрати барање до раководството на Реал да му дозволат да замине.

„Марка“ денес соопштува дека двата клуба постигнале договор и дека трансферот ќе изнесува 73 милиони евра.

Мората во моментов е со шпанската репрезентација и утре ќе игра во Скопје, а во понеделник ќе замине за Манчестер на лекарски прегледи и официјално ќе потпише четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…