Постигнаа гол на неспортски начин, па нивниот тренер им нареди да ги остават противниците да им вратат (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкотскиот фудбалски гигант Глазгов Ренџерс победи со резултат од 3-2 во дуелот од Купот на Шкотска против второлигашот Патрик Тистл. Но, она што го направи овој меч вреден за паметење е еден момент кој започна со неферски потег, а заврши со спортска реакција и големо чувство за фер-плеј.

Ситуацијата со споменатиот инцидент се случи во 70. минута. Еден од играчите на Ренџерс остана да лежи повреден на тревата, па гостинските фудбалери ја исфрлија топката од теренот. Играчите на Ренџерс им ја вратија, но Тилман направи неспортски потег веднаш земајќи му ја топката на противничкиот играч и постигна гол на целосно неферски начин. Настана мешаница и кавга пред голот на Тистл.

Тогаш со реакција на сцена стапи Мајкл Бил, тренерот на Ренџерс кој, во духот на фер-плеј и спортски карактер, им нареди на своите фудбалери да им пуштат гол на играчите на Патрик Тистл. Фудбалерите на Тистл тргнаа од центар и формално постигнаа гол за израмнување на 2-2.

Во финишот од мечот Ренџерс постигна уште еден гол, победи со 3-2 и се пласираше во следното коло од купот.