Home Спорт Постигна хет-трик за 11 минути и дома си однесе 180 илјади евра!

Постигна хет-трик за 11 минути и дома си однесе 180 илјади евра!

Поранешниот европски шампион Хамбург денес игра во втората германска лига, а вчера стигна до победа од 3:2.

Херој во победата на Хамбургер беше фудбалерот Пјер Мишел Ласога кој за само 11 минути три пати ја погоди мрежата на Хајденхајм.

Овој хет-трик на Ласога му донесе заработка од големи 180.000 евра.

Ласога во својот договор има клазули кој вчера му обезбедија сериозна сума. Имено, тој е за секој бод на клубот добива 15.000 евра, а за секој негов погодок има премина од 45.000 евра, па од вчерашниот учинок си однесе дома 180.000 евра.

Тој е најплатениот играч во втората германска лига со плата од 3.4 милиони евра не сметајќи ги бонусите како вчерашниот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…