Последно глумеа заедно во 1993 – сега најавија нова соработка во новиот филм од Скорсезе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американското здружение на филмски актери оваа година наградата за животно дело ја додели на актерската и холивудска легенда Роберт Ди Ниро. На свеченото доделување на наградата, честа да го претстави славниот Де Ниро ја имаше еднакво култниот холивдуски актер Леонардо ДиКаприо.

Овие две големи актерски имиња последно се појавија заедно на филмското платно во 1993 година во филмот „Животот на ова момче“.

Во својот говор, Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, кој ни ги даде култни достигнувања, како што се „Такси возач” и „Разбеснетиот бик” во текот на изминатиот половина век, додека неговото последно дело е овогодинешниот номиниран за Оскар за најдобра слика, „Ирецот” .

„Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што ги нарекувам мои соработници. Боб уште од снимањето на момчето Марти од ,,Бандите на Њујорк”. Вистинска чест е повторно да ја имам можноста по 30 години да глумам заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе, „Убијци на цветната месечина”, објави Ди Каприо.

Следното достигнување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Гран „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осаж и раѓањето на ФБИ“, пренесува УНИЛАД.

Филмот се одвива во 1920-тите и ја раскажува приказната за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогати луѓе на светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

Нафтената грозница во текот на првата четвртина од 20 век предизвика масакр на припадниците на племето Осаж, што доведе до еден од првите случаи на ФБИ.

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што ќе го направи со Скорсезе, првиот по „Волкот од Вол Стрит” во 2013 година.