Последните пет дена на СЈО за обвиненија од „бомбите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште само пет дена до крајот на неделата, или поточно до петок, 30 јуни, обвинителите на Специјалното јавно обвинителство имаат рок за поднесување обвиненија. Досега тимот на Јанева отвори 19 истраги, а покренати само 3 обвиненија.

Обвинителката Катица Јанева, пред 2 дена од Охрид почаа дека за некои осомничени ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обинителен акт, но дека следната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки.

„Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе биде изнајдено решение во најбрз можен рок, а очекувајте дека и во наредниот период ќе отвараме истраги за други прислушувани разговори што имаат криминални материјали“, рече Јанева, на предавањето пред учесниците на Школата за природно право во Охрид. Таа се надева дека Судот дека ќе ги поддржи и потврди обвиненијата.

Парламентарното мнозинство ги известило координаторите на парламентарните политички партии дека е потребно да се постигне политички договор за законите за СЈО. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, извести законите во собраниска процедура ќе влезат во текот на неделата.