Home Шоубизнис Последните денови на Робин Вилијамс пред самоубиството – трејлер за докуменарниот филм посветен на славниот актер

Последните денови на Робин Вилијамс пред самоубиството – трејлер за докуменарниот филм посветен на славниот актер

„Robin’s Wish“ е документаре филм посветен на легендарниот актер и комичар Робин Вилијамс, кој почина пред шест години.

Како што објавија светските медиуми, овој филм ги истражува последните денови на актерот, односно ја прикажува неговата борба со невролошката болест.

На интернет веќе е објавен првиот трејлер за филмот, а во него може да видиме голем број интервјуа и коментари од самиот Вилијамс, како и интервјуа со неговите пријатели и блиски колеги.

Во филмот се зборува и за неговото самоубиство, како и за наодите од аутопсијата која покажала дека актерот се борел со деменција. Неговите колеги со кои работел на последниот филм „Ноќ во музејот“ во филмот отворено зборуваат за промените кои ги забележале кај Робин за време на снимањето.

Документарецот е во режина на Тејлор Норвуд, а за јавноста ќе биде достапен од 1 септември годинава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…