Последниот лет на Roseta: Сондата изврши „самоубиство“ врз кометата Чурјумов-Герасименко


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Изминативе 2 години, сондата Rosetta ја вршеше својата мисија околу кометата 67P/ Churyumov-Gerasimenko , која заврши на 30 септември со намерен „самоубиствен“ лет врз површината на кометата.

Кометите се примитивни космички тела, остатоци од времето кога нашиот Сончев систем се оформувал пред 4.6 милијарди години. Истражувањето на нивната структура, состав и активност може да ни открие многу за еволуцијата на нашиот систем и да им помогне на научниците подобро да се запознаат со историјата како елементите потребни за создавање на живот.

Претходните роботски експедиции на NASA имале блиски средби со комети, но Rosetta е првото летало кое орбитирало околу комета, ја следело околу Сонцето и испратила сонда на нејзината површина.

Завршувањето на мисијата е крај на амбициозниот проект од 1.3 милијарди евра кој траеше повеќе од една декада – леталото Rosetta беше лансирано во март 2004-та, а со кометата имаше рандеву во август 2014, по изминат пат долг 6.5 милијарди километри. Три месеци по тоа, Rosetta на површината на 67P/ Churyumov-Gerasimenko ја испрати сондата Philae, која наместо да се укотви како што било планирано, отскокна од површината двапати, пред да се заглави на карпа во регионот Abydos.

Инаку, оваа комета за првпат била опсервирана во 1969год. – таа е широка 4km и околу сонцето кружи секои 6.5 години, помеѓу орбитите на Земјата и Јупитер. Таа е исклучително порозна и со ниска гравитација, па така колизијата на Rosetta со неа изгледала повеќе како забавена снимка отколку како насилен судар, бидејќи брзината при тоа изнесува околу 3.2км/ч (како просечно човечко чекорење)

5-10-rosetta-game-over1

Тоа било и шанса инструментите на Rosetta да вршат разни мерења како таа поминувала низ слоевите помеѓу гасовите и ледот на кометата. Нејзиното „вечно почивалиште“ е рамниот регион наречен Ma’at, кој се наоѓа на „главата„ на оваа комета со форма на пластично пајче.

Мисијата продуцираше неколку изненадувачки откритија, како на пример тоа дека 67P имала големи парчиња замрзната вода на површината, молекуларен кислород во нејзината кома (облакот кој се создава кога поминува покрај Сонцето), како и пенесто јадро.

Но и по „смртта“, нејзината работа не е завршена, бидејќи научниците имаат за преглед околу 80 000 слики, фотографирани за време на нејзиниот последен лет, за кои ќе требаат години додека се анализираат.