Последици кои можат да ви го променат животот: Една од овие опасни секс пози може да предизвика ФРАКТУРА НА ПОЛОВИОТ ОРГАН


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До повреда најчесто не доаѓа поради тоа како, туку каде водите љубов?!

Повредите во текот на сексот се поприлично ретка појава, но сепак нзаат да се случат и во суштина се сериозни.

Авторката на книгата „Одлични во креветот“, Др. Деби Хербеник вели дека до повреда не доаѓа од тоа како, туку каде имаме секс. Некои места и пози едноставно се поопасни од останатите, па можат да влијаат на ризикот од повреда и да доведат дури и до скршен пенис.

Ова се четирите најопасни сексуални пози, кои би требало да ги избегнувате или барем да ги користите со дозна внимателност:

1. Кујна

Момчето стои на прсти додека жената седи на кујнската работна површина пред него. Ако момчето ја промаши метата и цели повисоко или пониско, може да ја удри препонската коска или работната површина и да заработи фрактура на пенисот. Секоја позиција во која момчето стои на прсти може да биде опасна.

2. Топка за вежбање

Сексот на ваква топка може навистина да ве возбуди, но бидете претпазливи. Др. Хербеник нагласува дека фрактурите на пенисот се чести во било која секс поза во која пенисот во потполност излегува од вагината и потоа влегува назад.

3. Каубојка со наведнување наназад

Момчето лежи на грб, а жената седи на него. Стандардно. Но, проблемот настанува кога жената наместо да се наведне напред и да ги држи рацете на градите на момчето, се наведнува назад. Пенисот во ваквите случаи со притисок може да се истегне, што со текот на времето може да доведе до Пејронијева болест и свиткан пенис во ерекција. Тоа може сексот да го направи невозможен.

4. Мисионерска поза во стоење

Момчето во потполност ја држи жената, се наведнува назад и со свиткани колена жената ја подигнува и спушта на својот пенис. Ваквите акробатски пози можат да доведат до проблеми со грбот кај мажите, а секогаш постои и ризик од губењето на рамнотежа и паѓање.