Последен ден од претседателската кампања – од полноќ предизборен молк


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, петок, 3 мај, е последниот ден од претседателската кампања за овие претседателски избори на кои политичката битка за претседателското место ја водат Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Од вечер, на полноќ, настапува конечниот предизборен молк.

На трибината за повик на гласачите на ДУИ да излезат на гласање, што се одржа синоќа во Скопје, лидерот на партијата, Али Ахмети им порача на гласачите да не паѓаат во стапица и дека Талат Џафери е претседател на Собранието и тој нема да биде идниот шеф на државата доколку има бојкот на изборите на 5 мај.

Ахмети рече дека ДУИ има од 100 до 150.000 гласачи и дека е сигурен оти сите до еден ја разбрале идејата и дека ќе му дадат поддршка на консензуалниот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски.

Блерим Река, кој исто така беше кандидат за претседател, кој се натпреваруваше во првиот круг, вчера повика на масовен одзив на 5 мај, за да се спаси евро-атлантскиот процес.