Home Спорт После осум години и освоени многу титули, ѕвездата го напушта Баерн!

После осум години и освоени многу титули, ѕвездата го напушта Баерн!

Арјен Робен најверојатно ја игра последната сезона во Баерн Минхне, бидејќи медиумите тврдат дека нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на сезоната.

Инетрес за Холанѓанецот покажува Зенит кој сака да го доведе во Русија уште во зимскиот преоден рок, меѓутоа Баерн има намера да го задржи до крајот на сезонта.

Крилниот напаѓач пристигна во Минхен во август 2009 година од Реал Мадрид за 24 милиони евра и со Баерн освои се што можеше да се освои.

Договорот на Робен истекува на крајот на сезоната, а баварскиот клуб е спремен да му понуди продолжување на една година, но Холанѓанецот не се согласува на такви услови.

Робен има неколку богати понуди на маса, па најверојатно на крајот на сезоната ќе се раздели со Баварците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…