Посета на првата дама на САД на Кенија и Египет: Таа имаше интересна средба со слонче (ВИДЕО)

Првата дама на САД, Меланија Трамп ја прошета Кенија во текот на својата самостојна турнеја низ Африка, а потоа, допатува во Египет каде ќе се состане со египетскиот претседател, Абдел Фатаом ел – Сиси и неговата сопруга по што ќе замине да ги види пирамидите и Големата Сфинга во Гиза.

Сопругата на американскиот претседател, ја посети фондацијата Дејвис Шелдрик, која спасува млади слонови во Кенија. Меланија потоа го прошета Националниот парк „Најроби“, а потоа го посети и градот.

Имаше интересна средба со едно слонче, на кое веднаш му се допадна па малку ја оттурна.

По Кенија, Меланија патува за Египет каде американската агенција за меѓународен развој работи со тамошната влада последните години на проектот на намалување на нивото на подземни води за да се спречи оштетување на историските локалитети, пренесува АП.

Египет е последната станица од афричката тунерја на Меланија Трамп.