Home Спорт Португалците тврдат: Менаџерот на Роналдо е во Париз да го договори трансферот

Португалците тврдат: Менаџерот на Роналдо е во Париз да го договори трансферот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен, тврди португалското издание на „Сапо“.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш веќе пристигнал во Париз и веќе започнал преговори за трансферот на неговиот клиент во францускиот гигант.

Медиумот тврди дека Португалецот побарал од Реал Мадрид зголемување на платата и доколку „кралевите“ не му понудат нов договор, со сигурност ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Роналдо после финалето во Лига на шампиони ги шокираше фановите и изјави дека за неколку дена ќе ја соопшти одлуката за својата иднина.

И додека португалските медиуми го селат во Париз, во Шпанија се убедени дека тој ќе остане во Реал Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…