Португалија си доби шпанско знаме во македонските учебници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По крупните грешки во учебниците откриени вчера, кои предизвикаа бура од критики и потсмешливи коментари на социјалните мрежи, детектирана е откриена уште една таква епска глупост. На прв поглед, оваа грешка тешко се открива. Ама на втор поглед…

Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е коректен, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија. Ама – треба да биде. А не е, туку е ставено знамето од Шпанија.

Тешко на нашиве деца што треба да учат од вакви учебници кои ги пишуваат веројатно полуписмени луѓе.