Портретите од Барак и Мишел Обама привлекоа над два милиони посетители


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Портретите од бившиот американски претседателски пар Барак и Мишел Обама минатата година привлекле над два милиони посетители во Националната галерија со портрети, објавија музејските служби.

Галеријата со портрети во Вашингтон за Huffington Post потврди дека имале рекордни 2,3 милиони посетители во 2018 година, во споредба со 1,3 милиони посетители кои ја посетиле галеријата во 2017 година.

„Портретите од брачниот пар Обама во нашиот музеј привлекоа голем број луѓе. Интересно е да се истакне дека во попладневните часови доаѓаат посетители од помладите генерации и тоа е она кое не радува“, вели волонтерката во споменатиот музеј Мери Френсис Кернер.

Портретот од Барак Обама, кој го наслика Кехајнд Вајли, воедно е и официјален портрет на бившиот претседател кој е поставен на ѕидот од галеријата наречен „Американски претседатели“, на кој се истакнати портретите од секој поранешен претседател на САД освен од актуелниот.

Од друга страна, портретот на Мишел Обама, кој го наслика Ејми Шералд, првобитно беше изложен на првиот кат од галеријата, каде се наоѓаат слики од највлијателните Американци во 20. век. Меѓутоа, галеријата одлучи портретот од бившата прва дама на САД да го премести на третиот кат, поради неговата огромна популарност кај посетителите.