Актерката која се прослави во „CSI: New York“ почина на 44-годишна возраст


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерката Лиза Шеридан, која се прослави со улогите во сериите „Halt And Catch Fire“ и „CSI: New York“ почина на 44-годишна возраст.

Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њу Орлеанс. Нејзиниот менаџер за американските медиуми изјави дека уште се чека наодот од обдукцијата за да се дознаат официјалните причини за смртта. Нејзиното тврди дека Лиза не си го одзела животот. Нејзините колеги се простуваат од неа на социјалните мрежи.

Шеридан оствари над 30 телевизиски улоги, а освен во популарната „CSI“, се појави и во многу други сериски изданија. Нејзината последна улога беше во филмот „Strange Nature“, кој го режираше Џим Оџала.

Беше верена со актерот Рон Ливингстон, кого гледачите го памтат од „Sex and The City“.