Home Шоубизнис Порно актерка сподели шокантни пораки добиени од малолетник – распали и родителите

Порно актерка сподели шокантни пораки добиени од малолетник – распали и родителите

Француската порно актерка проговори за експлицитните пораки кои ги добивала од 12-годишно момче.

Никита Белучи (28), ѕвезда на голем број порно филмови, на својот Твитер профил сподели шокантни пораки кои стигнувале во нејзиниот „инбокс“ и ги предупреди родителите за „целосниот недостаток на сексуална едукација“ кај денешните деца.

Таа на Твитер напиша дека ѝ е преку глава да ги подучува малолетниците на сексуално образование, како и дека родителите не преземаат ништо од аспект на превентивни мерки за да ги заштитат своите деца од порнографски содржини на интернет, пишува Daily Mail.

Сподели и дел од содржината од пораките кои ги добивала

Нејзиниот твит наиде на позитивни коментари и реакции, особено пофалби за нејзината одлука јавно да проговори на таква чувствителна тема. Никита ги покажа пораките од разлини момчиња кои без проблем ја откривале и истакнувале својата возраст, но и желбата да имаат секс со неа.

„Здраво, наскоро ќе наполнам 13 години и сум твој голем обожавател. Дали би сакала да ме ебеш гол, те молам?“, стои во една од контроверзните и шокантни пораки. Таа го објави и својот одговор на тоа: „Човече, 13 години. Размисли за своите постапки, пишувај домашна и немој веќе да ми пишуваш, бидејќи ова ќе го пратам на твоите родители“.

Еден од родителите ја пофали за нејзината постапка со зборовите: „Фала ти што зборуваш за децата и нивното сексуално однесување, како и за опасностите од пристапот на сите видови на содржина на интернет без надзор“. А откако добила и порака во која пишувал: „Дали сакаш да се сексаш со 12-годишен жежок дечко?“, Никита одлучила дека е доста.

Предупредување до родителите

„Да, пристапот до порнографска содржина денес е доста едноставен и, за жал, недоволно контролиран. Па, дали е нормално редовно да добивам пораки од деца кои ми бараат да им праќам свои фотографии, да им ја земам невиноста и да се сексам со нив?“, напиша Белучи.

„Најмногу загрижува тој недостаток на превенција, а не е работата порно актерките да ги едуцираат вашите деца. Нема веќе контрола и тогаш вината секогаш ја префрламе на исто. Јас не мислам да ја сведнам главата и не сметам дека треба да се срамам поради нешто. Не сум јас таа која треба да биде превоспитана“, заклучи Никита.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …