Пораките до љубовницата му пресудија на високорангираниот ФБИ агент Строк


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради размена на анти-Трамп меил пораки за време на претседателската кампања со тогашната негова колешка, Лиза Пејџ, ФБИ агентот Питер Строк минатиот петок беше отпуштен од ФБИ, изјави неговиот адвокат.

Строк е трет високо рангиран офицер на ФБИ кој е отпуштен за администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и поранешниот шеф Џејмс Коми. Ејтан Голмен, адвокатот на Строк, рече дека заменик-директорот на ФБИ Дејвид Баудич ја донел одлуката за отпуштање на неговиот клиент.

Одлуката, додаде Голмен, е во судир со препораката на Канцеларијата за професионална одговорност на ФБИ, која предлага суспензија од 60 дена и отстранување на Строк од неговите надзорни одговорности.

Одлуката за отпуштање на специјалниот агент Строк не е само отстапување од вообичаената практика на Агенцијата, туку е во спротивност со сведоштвото на директорот на ФБИ Кристофер Вреј пред Конгресот и неговите гаранции дека ФБИ има намера да ја следи вообичаената процедура во овој и во сите случаи поврзани со персоналот, рече Голмен.

По објавата на веста, Трамп ликуваше на Твитер.

„Агентот Питер Строк штотуку беше отпуштен од ФБИ – конечно“, напиша тој. „Листата на лоши играчи во ФБИ и американското Министерство за правда станува сè подолга и подолга. Со оглед на фактот дека Строк беше задолжен за ловот на вештерки, дали е крај? Целосна измама. Без заговор, без опструкција – само возвраќам!“, додаде Трамп.

Голмен рече дека разрешувањето на неговиот клиент е политички мотивирано и дека неговите пораки претставуваат политички говор заштитен со Првиот амандман.

Строк бил отстранет од истрагата на ФБИ за Русија и Трамп од страна на специјалниот советник Роберт Милер по обелоденувањето на анти Трамп пораките што тој ѝ ги испраќал на својата тогашна љубовница, адвокатката на ФБИ, Лиза Пејџ, пренесе Њујорк пост.