Home Актуелно Поради закани, судијката која му пресуди затвор на Груевски под 24-часовна полициска заштита

Поради закани, судијката која му пресуди затвор на Груевски под 24-часовна полициска заштита

Судијката која му досуди две години затворска казна на бившиот премиер Никола Груески, Добрила Кацарска, доби 24 часовна полициска заштита поради бројни закани по нејзиниот живот. Покрај за Кацарска, специјалци се ангажирани за заштита и на неколкумина други судии кои судат некои од случаите на СЈО, дознава ТВ 24.

Кацарска го води случајот „Тенк“ и со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која пред три дена побара комисија од гинеколошката клиника да утврди во каква состојба е нејзината бременоста. Судијката Кацарска ја донесе првата пресуда од 9 години затвор за екс помошник министерот за внатрешни Ѓоко Поповски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…