Home Актуелно Поради пеколните горештини администрацијата на Анкара на принуден одмор

Поради пеколните горештини администрацијата на Анкара на принуден одмор

Градските власти на Анкара го прогласија утрешниот ден за неработен за сите вработени во државната или локалната адмиснитрација, кои не се чувствуваат добро и страдаат од хронични болести, како и за бремените жени и за лицата со посебни потреби.

Ваквата одлука е донесена поради големата жештина и високите температури што деновиве ја зафатија цела Турција.

Според синоптичарите, во сите 81 региони во Турција последниве денови се измерени температури над просечните за овој период од годината.

Во Истанбул денеска температурата се искачи до 38 степени Целзиусови, додека најтопло време е регистирано во реонот на Анталија, каде живата во термометрите достигна речиси до 50от степен.

Синоптичарите за утре предвисуваат уште потопло време, но веќе од вторник се очекува намалување на темепартурите и дождлив бран, што прво ќе ги зафати северозападните делови на земјата и реонот на Истанбул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…