Home Актуелно Поради овој плакат Јункер не ја сака партијата на Орбан во редовите на Европската народна партија

Поради овој плакат Јункер не ја сака партијата на Орбан во редовите на Европската народна партија

Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, отворено изјави дека повеќе не сака да ја гледа моментално владејачката партија во Унгарија, онаа на Виктор Орбан, во редовите на конзервативната Европска народна партија. Фактотор кој ја прелеал чашата на толеранција од Јункер е еден плакат на Фидес кој многу го разлутил.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер смета дека партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан би требало да ја напушти Европската народна партија (ЕПП).

Невообичаено остриот коментар Јункер го изнесе во германскиот град Штутгарт откако унгарската влада претстави нов плакат (насловна фотографија) со кој ги обвинува Јункер и американскиот филантроп со унгарско потекло Џорџ Сорос дека сакаат да ја преплават Унгарија со мигранти.

„Против лаги не можете да сторите многу“, изјави Јункер и додаде дека германскиот политичар Манфред Вебер, кој е избран за главен кандидат на Европската народна партија за претстојните избори за Европскиот парламент, би требало да се запраша дали му е потребен гласот на Фидес.

Во редовите на ЕПП, во која се собрани европските демохристијански и партиите на десниот центар, сѐ погласни стануваат повиците за исклучување на Фидес, поради нејзината остра антимигрантска кампања.

Партијата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан е силна во Унгарија, што значи дека ќе освои голем број пратенички места на изборите за Европскиот парламент во мај годинава. Нејзиното исклучување значително би ја ослабело Европската народна партија, која во актуелниот состав на Европарламентот има најголем број пратеници.

Извор: Дојче Веле

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…