Home Актуелно Поради овие зборови судијката го казни Зоран Божиновски со 2.000 евра казна за непочитување

Поради овие зборови судијката го казни Зоран Божиновски со 2.000 евра казна за непочитување

„Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе снема пари во вашиот банкомат.“ Зоран Божиновски со овие зборови и се обрати на судијката по што беше казнет со 2.000 евра за непочитување на Судот и непримерно однесување.

Претходно , таа го опомена откако Божиновски рече дека судот го смета за  злосторничко здружување, а дека таа е претставник на злосторничко здружување, кое е предводено од Никола Груевски.

Во својата одбрана, Божиновски рече:

-ДПМНЕ ме лови во две фази. Првата е од 1999 до 2002 година, по нивниот пораз на изборите кога нивното раководство нарача и изврши атентат врз мене во Куманово, кој го преживеав со тешки телесни повреди. Втората фаза е во јули 2006 година кога се вратија на власт и се обидоа да ме купат, но безуспешно. Сите обвинети во „Шпион“ сме следени од 2012 до 2013 година.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…