Home Актуелно Поради формален пропуст укината пресудата на наркобосот Дарко Шариќ за шверц на кокаин – ќе има ново судење

Поради формален пропуст укината пресудата на наркобосот Дарко Шариќ за шверц на кокаин – ќе има ново судење

Правосилната пресуда на српскиот наркобос Дарко Шариќ за меѓународен шверц на речиси шест тони кокаин му беше укината поради формален пропуст.

Како што јавуваат српските медиуми, пресудата е вратена на апелацискиот суд на повторно одлучување. Пресудата е укината поради формален пропуст, додека доказите врз основа на кои Шариќ е осуден не се доведени во прашање, се заклучува во одлуката.

Во одлуката на врховниот суд во Србија се наведува дека пресудата е укината бидејќи двајца судии од апелацискиот суд, кои ја потврдиле осудувачката пресуда, претходно веќе одлучувале за дали Шариќ треба да остане во притвор.

Највисокиот суд во Србија затоа смета дека тие судии биле пристрасни и дека не смееле да одлучуваат за пресудата со која Шариќ и неговата група се осудени на 15 години затвор поради меѓународен шверц на кокаин.

Шариќ на крајот на 2018 година беше осуден на 15 години затвор за меѓународен шверц на речиси шест тони кокаин. Апелацискиот суд ја потврди оваа пресуда по една година, но неговите адвокати го искористија последниот адут – барање за заштита на законитоста во врховниот суд.

На Шариќ му се суди повеќе од 10 години, а истовремено му се суди и за перење пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…