Поповиќ тврди: Северина сама ги праќа фотографиите


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Србинот, Милан Поповиќ, со кој Северина се уште се суди за старателство над шестгодишниот син, Александар, е убеден дека пејачката сама си ги прави скандалите, за повторно да се најде во центарот на вниманието.

„Фотографиите, на кои има различни амбиенти, очигледно се направени да бидат објавени во јавноста“, тврди Поповиќ за „Информер“.

Тој е исклучителен по прашање дали таа нему му ги испратила овие фотографии, бидејќи тие снимки, по неговите сознанија настанале во периодот 2014. и 2015. година.

„Ние во тој период бевме среде битка за старателството“, тврди Милан.

Тој напоменува дека е загрижен за синот, кој оваа есен тргнал во прво одделение и дека сигурно ќе ангажира психолог, за малиот Александар подобро да се избори со мајчините испади.

„Се плашам дека поради тие фотографии би можел да наиде на шеги од останатите деца. Внимателно ја следам целата ситуација“, вели Поповиќ.

Од друга страна, адвокатите на Северина велат дека фотографиите пристигнуваат токму од Милан, како што тоа беше случај пред еден месец.

Ова е трет скандал инаку за Северина Којиќ. Пред 14 години објавена е нејзината приватна снимка од 11 минути каде на јахта се снимала со Милан Лучиќ.

Кон крајот на август во јавноста проструија нејзините голи фотографии, а само еден месец подоцна објавени се неколку…