Попоски: Мирот и стабилноста во регионот зависат од извесноста за интегрирање во ЕУ


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Потребна е зголемената извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во регионот и во ЕУ, порача во среда министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој имаше средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.

Тој потенцираше дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата.

На средбата со германските пратеници беше разговарано за актуелните внатрешно-политички состојби во Република Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката во процесите на интегрирање на нашата земја во европското семејство.