Home Актуелно Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија

Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија

Поради поклопување на два празници – државен и верски, следниот понеделник, 25 мај, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

На 24 мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, а годинава на истиот ден се празнува и првиот ден на Рамазан бајрам

Понеделник, 25 мај, е неработен ден за сите граѓани на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Согласно Законот за празниците, 24 мај (недела) е државен празник, Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а годинава на истиот ден е и првиот ден на Рамазан бајрам, кој исто така е државен празник во земјава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…