Home Актуелно Понеделнички летни температури

Понеделнички летни температури

Денес, понеделник, 15 јуни, во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната од 18 до 33 степени.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со појава на пороен дожд и грмежи. Во источните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните повремено засилен ветер од западен правец. УВ=8.

Од утре до четврток, според УХМР, на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…