Home Актуелно Понеделничка временска прогноза – конечно пролет во април

Понеделничка временска прогноза – конечно пролет во април

Првиот априлски понеделник во Македонија носи генерално сончево време со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе преовладува малку поголема облачност. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 7 до 17 степени.

Во Скопје сончево, со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…